Просечната цена на употребуваните автомобили во Германија во септември оваа година падна за околу 300 евра, достигнувајќи 26.487 евра, што е најниско ниво од јануари 2022 година, кога просекот беше 26.252 евра, покажуваат податоците на германскиот пребарувач „Аутоскаут24“ (AutoScout24).
Во изминатата година, цените на половните автомобили на германскиот пазар се намалени за повеќе од пет проценти, односно за 1.397 евра. Од март 2023 година, кога цените достигнаа свој врв, тие се намалени за повеќе од девет проценти.
Следете не, не има насекаде