декември 23, 2024

Полициски службеници од СВР Тетово денеска во 08.50 часот во Тетово, го привеле А.Б.(41) од Тетово.

Тој бил осуден на осум години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба заради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје, каде што имал за доиздржување една година и шест месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово Скопје за доиздржување на казната.

The post Приведен бегалец од затвор – осуден бил на казна од 8 години за убиство appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK