декември 23, 2024

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Ш.К.(39) од Охрид поради измама.

Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал автомобили од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила.

„Пријавениот, не ги иззвршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги продавал на трети лица, со што се стекнал со значителна противправна имотна корист“, објави охридската полиција.

The post Автомеханичар од Охрид наместо поправка ги вадел здравите делови од автомобилите и ги продавал appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK