Qualcomm официјално го претстави Snapdragon 8 Elite, неговиот најнов и најмоќен чипсет досега.
Snapdragon 8 Elite е најновиот чипсет на Qualcomm, наменет за телефоните со Android од високата класа од следната генерација.
Како што сугерираа претходно протечените информации, чипсетот користи Oryon CPU со прилагодена архитектура од осум јадра (две главни јадра со такт од 4,32 GHz и шест јадра за изведба до 3,53 GHz).
Snapdragon 8 Elite е поврзан со водечкиот 24MB L2 cache и поддршка за 5.300 MHz LPDDR5X RAM.
Новиот процесор е создаден во 3 nm процесот на производство на компанијата TSMC и ветува подобрувања на перформансите на процесорот до 45%, како и подобрена ефикасност од 44% во споредба со неговиот претходник.
Here’s the new Qualcomm Snapdragon 8 Elite Mobile Platform!
It is the first-ever mobile SoC from Qualcomm to use the Oryon CPU architecture, and it appears to be a significant upgrade from the 8 Gen 3.
Highlights:
3 nm process
Up to 4.32 GHz CPU frequency (2×4.32 GHz… pic.twitter.com/OGb4suBsz9
— Alvin (@sondesix) October 21, 2024
На полето на графичка поддршка, Qualcomm за прв пат го користи својот редизајниран и подобрен Adreno GPU кој носи 40% подобрување во перформансите и заштеда на енергија, заедно со подобри ray-tracing перформанси.
За вештачката интелигенција е задолжен новиот Hexagon NPU, кој гарантира дека AI задачите се извршуваат 45% побрзо, со подобрени перформанси по вати. Qualcomm го носи својот AI Engine со мултимодална поддршка за Gen AI.
Системот за фотографирање исто така е подобрен, така што идните телефонски камери ќе нудат подобар HDR, поприроден изглед на кожата, подобри бои на небото и подобрени перформанси на автоматскиот фокус.
Исто така, постои и Snapdragon X80 5G модемот – првиот 5G модем со 6x downlink агрегација и AI базирана mmWave екстензија. Новиот модем е поврзан со FastConnect 7900 Mobile Connectivity System и е првиот што ги комбинира i-Fi 7, Bluetooth 5.4 и Ultra Wideband конекции во еден чип.
Чипсетот Snapdragon 8 Elite ќе ги напојува претстојните телефони со Android од високата класа од Asus, Honor, iQOO, OnePlus, Oppo, Realme, Samsung, vivo, Xiaomi и многу повеќе.
The post Qualcomm го претстави својот најмоќен чипсет: Еве кои телефони први го добиваат appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде