октомври 22, 2024

Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилува поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески.

Тој беше во затвор за случајот „Транспортер“ и доби намалување од една година. Комисијата за помилување го уважи барањето на Талевски и неговите адвокати, во делот на намалување на казната и целосно ослободување и прифатиле делумно намалување на остатокот од затворската казна.

За доиздржување, на поранешниот градоначалник му останува казна затвор од околу 3 години.

Талевски по вторпат е помилуван од претседател на државата. Во 2016-та година, претседателот Иванов колективно потпиша аболиција на 56 лица, главно политичари и функционери меѓу кои беше и тогашниот градоначалник на Битола. Талевски се сомничеше за финансиски злоупотреби за превоз на ученици од тогашното СЈО за што беше формиран и предмеот „Транспортер“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK