На 03.11.2024 во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив. Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера”, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми” во близина на границата со Косово. Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.
The post Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде