Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje
Срѓан Захариевски не е повеќе тренер на Вардар. Клубот и тренерот спогодбено се разделија по синоќешниот пораз од Пелистер во Битола (1:0).
Вардар е последен на табелата во Првата македонска фудбалска лига. По 13 рунди во шампионатот, Вардар има само осум бода и гол разлика 9:23. Црвено-црните од почетокот на сезоната имаат по две победи и нерешени и девет порази. Захариевски го водеше тимот на девет меча, има победа, две нерешени и шест порази
Захариевски е третиот тренер кој си замина од стартот на сезоната. Пред него на клупата на Вардар седеаа Горазд Михаилов и Горан Петрески.
Информација
АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката.
АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман,максималниот вложен труд и голема желба за успех.
За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш…
— FCVardar (@VardarFC) November 4, 2024
The post Вардар спогодбено се раздели со тренерот Захариевски appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде