Јапонија, Обединетото Кралство и Италија ќе го забрзаат заедничкиот развој на нов борбен авион, со планови за формирање трилатерално владино тело до крајот на годината, најавија официјални лица од овие земји.
Во 2022 година, трите нации се согласија да соработуваат на Глобалната борбена воздушна програма (GCAP), со цел да го распоредат новиот авион во 2035 година. Планираниот борбен авион ќе ја зајакне одбраната на тие земји поради зголемените закани од Кина, Русија и Северна Кореја.
Станува збор за напреден „стелт“ (невидлив за радарот) авион, кој ќе го замени застарениот јапонски F-2, развиен во соработка со САД и Eurofighter Typhoon, заеднички проект на Велика Британија, Италија, Шпанија и Германија.
Јапонскиот министер за одбрана, генерал Накатани, по средбата со британскиот министер за одбрана Џон Хили и италијанскиот министер Гвидо Крочета, го потврди формирањето на споменатото трилатерално тело.
„Заедничко тело наречено Меѓународна владина организација GCAP или GIGO ќе биде формирано до крајот на оваа година за да го надгледува развојот на авионот“, рече Крочето. Разговорите се одржаа на состанокот на министрите за одбрана на Г7 во Неапол.
The post Ново оружје против Кина и Русија: Јапонија, Велика Британија и Италија го забрзуваат проектот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде