Комплетиранo e 4.коло во Лигата на шампионите. Како и претходниот ден, имаше неколку изненадувања. Атлетико со гол во 93.минута го шокираше ПСЖ на „Паркот на принцовите“ (1:2), Интер го доби дербито против Арсенал, Аталанта славеше во Штутгарт, Салцбург во Ротердам против Феенорд ја забележа првата победа сезонава (1:3), а Брест славеше во Прага над Спарта (1:2). Барселона во Белград ја победи Црвена звезда со 5.2.
Дербито на коло на „Џузепе Меаца“ во Милано му припадна на Интер. Тврд и тактички натпрвар одиграа двата тима. Победникот го реши Чалханоглу од пенал во судиското надополнување на времето во првото полувреме. Арсенал се обиде во вториот дел, силно притисна во финишот но не успеа да го избегне поразот.
Во Париз, Јан Облак блескаше на голот на Атлетико. Одбрани неколку тешки топки и на крајот ја инцираше контрата по која Анхел Кореа го шокираше „Паркот на принцовите“. Џокерот на Чоло Симеоне погоди буквално во последната секунда. По неговиот гол во 93.минута сидијата Марчињак означи крај на натпреварот.
Претходно ПСЖ поведе преку Заир-Емри во 14.минута по катастрофалната грешка на Ленгле, а четири кинути подцна изедначи Молина.
Инаку ова е втор пораз на ПСЖ во 30 натпревари во Лигата на шампионите на домашен терен.
Барселона во спектакуларна атмосфера во Белград славеше над Црвена звезда со 5:2. Домашните добро се држеа во првиот дел, ја анулираа предноста на Барселона (стрелец Мартинез), преку Силас, а потоа следуваа кобни 12 минути, период од 43. до 55.минута кога погоди Рафиња и два пати Левендовски. До крајот на мечот Фермин Лопез погоди за Барселона, а Милсон постигна убав гол за Црвена збезда.
Резултати: Феенорд – Салцбург 1:3, Интер – Арсенал 1:0, Пари Сен Жермен – Атлетико Мадрид 1:2, Спарта Прага – Брест 1:2, Штутгарт – Аталанта 0:2, Црвена звезда – Барселона 2:5, Баерн Минхен-Бенфика 1:0.
The post (Видео) Кореа го шокира Париз во 93.минута, Интер го победи Арсенал, Барселона ритунски со Црвена звезда appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде