ноември 14, 2024

Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, која беше негова десна рака во минатиот мандат, се појави со другите деца на Трамп на сцената за да му даде поддршка на својот татко за време на неговиот победнички говор на изборите за претседател на САД.

43-годишната Иванка се појави на сцената во конгресниот центар Вест Палм Бич на Флорида со својот сопруг Џаред Кушнер, а за таа прилика избра одело во кралско сина боја.

Иванка, инаку позната по својот елегантен стил, за оваа прилика избра кадифено одело од француската модна куќа Zadig & Voltaire, кое се состои од сако и панталони со крој во форма на ѕвонче.

Инаку, на официјалниот сајт на брендот пишува дека цената на сакото е 575 евра, додека панталоните чинат 345 евра. Покрај оделото од 920 евра, таа модната комбинација ја заокружи со сина свилена кошула, обетки и црвен кармин.

The post Иванка Трамп го привлече вниманието со својот стајлинг, се појави во костум од 920 евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK