ноември 8, 2024

Водителот Џими Кимел ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, а за време на говорот многумина ги забележаа неговите насолзени очи. Тој истакна дека тоа е „страшна ноќ“ и дека Американците „избрале криминалец“ за претседател.

„Повеќе од половина од земјата гласаше за криминалец кој планира сам себе да се помилува за неговите злосторства“, рече тој во својата емисија.

Тој додаде дека тоа е „ужасна ноќ“ за жените, децата, стотиците илјади вредни имигранти кои ги покренуваат САД, како и за здравството, климата, науката, новинарството, правдата и слободата на говорот. Тој посочи дека особено се погодени сиромашните, средната класа, постарите кои зависат од здравственото осигурување, сојузниците во Украина, НАТО, вистината, демократијата и пристојноста.

„Ужасна ноќ за сите што гласаа против него, верувале или не, а за оние кои гласаа за него, едноставно сè уште не го сфаќаат тоа“, рече тој.

The post (Видео) Џими Кимел за победата на Трамп: Повеќе од половина земја гласаше за криминалец appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK