ноември 8, 2024

Вчера вечер во клубот Минт во Загреб беше претставена новата пејачка на групата Магазин, 22-годишната Лорена Буќан.

Поранешните пејачи на Магазин во оваа прилика открија што мислат за новото лице, но и се потсетија на времето поминато во групата.

„Веќе и дадов совет, таа знае се. Мислам дека ќе биде одлична. И посакувам многу среќа. Истото важи и за Андреа, која тргнува во соло кариера, многу среќа и храброст“, изјави Јелена Розга за списанието In.

„Магазин навистина има прекрасна приказна. Тончи добро кажа, тоа е инкубатор на големи кариери“, изјави Данијела Мартиновиќ.

Данијела вели дека од сите пејачки веројатно таа ја имала најтешката улога. Таа ја наследи Љиљана Николовска.

„Затоа што Љиљана Николовска беше регионална ѕвезда. Го сакав нејзиното пеење и до ден денес мислам дека е една од најдобрите пејачки што се случиле на нашите простори. Дојдов токму во моментите на распадот на Југославија. Тие беа вистински лидери во оваа област на забавна музика“, вели Данијела.

The post (Видео) Јелена Розга за новата пејачка на Магазин: Веќе и дадов совет, ќе биде одлична appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK