Горан Коруноски е роден 31.03.1973 во градот Кичево, прекрасен сопруг и татко на две машки деца.
Неговите полициски денови започнаа во далечната 1994 година во полициската станица Зајас, во неговиот роден град Кичево. Се до 2016 година- кога со неговото семејство се сели во градот Охрид, продолжуваќи да го работи она што најдобро го знае, а тоа е да биде чувар на сите граѓани и да се грижи за нашата безбедност во сообраќајот.
Коруноски беше почитуван од сите свои сограѓани, но не поради неговата униформа и неговата работа во МВР, тој беше вистински другар и професионалец, а таков остана и се до неговите пензионерски денови.
Шило Магазин изразува голема благодарност до СВР Охрид пред се во однос на мерките преземени за подигнување на безбедноста во градот- Резултатите се очигледни, Охрид е мирен и безбеден град, во кој охриѓани и гостите се чуствуваат сигурно, а така и ќе остане бидеќи позади себе обучи вистински професионалци кои ќе ги следат неговите стапки.
Денес голем број на колеги и пријатели пристапија да му посакаат среќни и пензионерски денови на својот драг пријател и колега Горан Коруноски, со честитка и молитва долго да се служи со неговата пензија…
Следете не, не има насекаде