ноември 15, 2024

Поп ѕвездата Селена Гомез неодамна откри дека мисли оти нејзината детска слава го запрела нејзиниот развој во дваесеттите.

Имено, во интервју за магазинот „Ел“, пејачката и актерка се осврнала на влијанието на славата во нејзиното детство и открила што би сакала да знае пред да зачекори во светот на познатите.

„Не се каам за ништо и имам фантастично семејство и правилата ги поставуваат моите родители и јас го ценам тоа. Сепак, мислам дека не би го направила тоа на многу млада возраст ако размислував за себе“ изјави Гомез.

Гомез објасни дека имало многу работи и ситуации поради кои се чувствувала како да заостанува зад другите.

„Додавањето голем притисок од другите луѓе не ми помогна да развијам чувство за себе во моите дваесетти. Тоа беше многу тешко време. Јас живеам со него секој ден“, изјави таа.

Поп ѕвездата призна дека се труди позитивно да гледа на светот и да се фокусира на проектите што ги сака.

„Се трудам да останам позитивна за се’ и да се фокусирам на работите што навистина ме прават среќна. Сепак, би им рекла на другите дека можеби треба да почекаат и да живеат малку“, додаде таа.

Инаку, Гомез својата актерска кариера ја започна со појавувањето во серијата „Barney & Friends“ во 2002 година кога имаше 10 години. Само пет години подоцна таа стана ѕвезда како главна актерка во „Волшебниците од Вејверли Плејс“ на каналот Дизни.

Таа подоцна ја прошири својата кариера во музичката индустрија со потпишување со Холивуд Рекордс и формирање на сопствен бенд. Во исто време, таа продолжи да снима филмови и музика. Поради болест, извесен период ја паузираше кариерата, но неодамна се врати и моментално работи на филмот „Емилија Перез“.

The post Селена Гомез верува дека славата во детството го забавила нејзиниот развој: Беше многу тешко време appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK