На 14.11.2024 во 17.20 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Н.А.(44), постапувајќи по претходна пријава од 20 – годишник од истото село дека во мај 2024 тој и неговиот татко биле измамени од Н.А. за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, тој им ги побарал парите за да им посредува за издавање странски документи, а откако им биле издадени било констатирано дека се фалсификувани. Со судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во домот на Н.А., при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Сакал да работи во странство останал без 5000 евра, измамен млад гостиварец appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде