септември 23, 2024

Во новогодишна честитка објавена на социјалната мрежа Фејсбук, д-р Жан Митрев вели дека денеска е ден за простување, а дека минатата година ИРЛ му нанеле многу неправда, како што вели со „организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми“. Во описот на објавената фотографија потенцира дека ја повлекува тужбата што ја поднел против ИРЛ.

„Простување

Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо сакаме да го заборавиме. Денес е дденот кога на сите им посакуваме само добро. Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив“. Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината. Но, за се што сториле Бог нека им суди.

Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам

За многу години“, пишува Жан Митрев на ФБ.

The post Жан Митрев: Бог нека им суди на ИРЛ за се што сториле, јас им простувам и тужбата против нив ќе ја повлечам appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK