мај 6, 2026

Вчеравечер во спортската арена “Борис Трајковски” во Скопје свој концерт одржа најпопуларната српска пејачка во моментов, атрактивната Теа Таировиќ, во склоп на нејзината турнеја насловена “Нека гори Балканот”.

Синоќешната вечер беше ноќ исполнета со многу балади, но и песни со брз ритам, а сето тоа надополнето со препознатливите играчки вештини на Таировиќ кои ја направија арената место каде се случи вистински спектакл.

Како специјални гости на концертот настапија Анабела позната како  Фанки Џи и македонскиот фолк пејач Менил Велиоски кои ја надополнија атмосферата до совршенство, особено впечатлив момент на Велиоски со изведбата на песната “Јовано,Јованке”, со која емоциите го достигнаа врвот.

Теа на публиката и приреди забава од речиси три часа, фановите играа буквално на секој нејзин хит, што останува вистинско музичко доживување за секој еден од нив.

The post Теа Таировиќ го освои Скопје – спектакл се случи синоќа во арената “Борис Трајковски” appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK