Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово – село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци.
Како што соопшти МВР, во контролата која била спроведена ноќеска во периодот од 00:30-03:00 часот, исто така биле затекнати и шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава – Б.В.(44), К.А.(20) и А.Н.(33) од Р.Украина, М.А.М(20) од Р.Романија, К.Н.(30) од Р.Казахстан и М.Л.А.(28) од Р.Франција, кои биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
The post Во угостителски објект кај Тетовско приведени шест странски државјанки без дозвола за престој appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде
