мај 6, 2026

Хајдук во вечното дерби на хрватскиот фудбал го победи Динамо со 1:0. По 15 рунди во Хрватска, Хајдук е лидер, има седум бода повеќе од третопласираниот Динамо, а три од Риека.

Голот за победа го постигна Нико Сигур во 54. минута.

Хајдук ја имаше најдобрата шанса во преостанатиот дел од натпреварот, во 60. минута Ливаја можеше да го реши мечот, но голманот на Динамо Загорац го одбрани неговиот удар.

Динамо на крајот од мечот остана со играч помалку, поради груб фаул над Кровиќ, а по прегледувањето на видеото од ВАР, судијата го исклучи Рог.

Бурно беше и на трибините, на крајот од мечот гостинските навивачи, популарните „Бед Блу Бојс“ го преплавија теренот на Пољуд со факели.

Share

The post Динамо падна во Сплит, Хајдук е на +7 од „модрите“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK