мај 6, 2026

Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер во 14. коло од Серија А беше прекинат, откако на теренот колабираше играчот на домашниот тим Едоардо Бове.

Во 17. минута играчот од средниот ред на Виола се наведна да си ја врзе врвката од копачката и сам се струполи.

Тој остана да лежи неподвижен, а потоа дотрчаа да му помогнат играчите, лекарите и членовите на стручниот штаб. Бове потоа на носилки бил однесен во Брза помош, која го однела во болница.

Бове има само 22 години, во клуб од Фиренца пристигна минатото лето.

Италијанецот е дете на Рома, чиј дрес го носеше претходните четири сезони.

Share

The post (Видео) Страшни сцени во Фиренца: Бове се онесвести, дербито прекинато appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK