декември 5, 2024

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот ја коментираше изјавата на Мохамед Салах која ги загрижи сите навивачи на „црвените“.

Египќанецот, очигледно разочаран што клубот се уште не му понудил нов договор, најави заминување од „Енфил“.

Во неделата по дербито со Манчестер сити, кое Ливерпул го доби со 2:0, а Салах постигна гол и забележа асистенција, изјави дека „ова е мојот последен дуел со „Граѓаните“.

„Можеби Мо знае повеќе за тие 115 обвиненија (случајот за финансиски фер-плеј што се води против), па очекува тие да ги нема следната сезона. Тоа беше шега. Повторувам, шега“, рече Слот.

Салах е најдобриот играч на Ливерпул, сезонава постигна 13 гола и забележа 11 асистенции на 20 натпревари.

Најмногу благодарение на него, „црвените“ се лидери во Премиер лигата со 34 бода, девет повеќе од Арсенал и Челзи, додека во Лигата на шампионите се единствениот тим со максимален учинок по пет одиграни натпревари.

Сепак, веќе се шпекулира дека тој започнал преговори со Пари Сен Жермен, каде би заминал без обештетување, бидејќи договорот му истекува на лето, а Ливерпул се уште не му понудил нов.

Share

The post Слот: Салах се шегуваше, повторувам, се шегуваше appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK