Абу Даби ќе биде домаќин на фајналфорот на Евролигата во 2025 година, пренесуваат „СДНА“ и „Баскет њуз“.
Одлуката е донесена, претпладнево, по седницата на Извршниот одбор на акционери. „За“ гласале 11 клубови, против биле само Реал Мадрид и Олимпијакос.
Фајнл-форот ќе се игра од 23 до 25 мај следната година. Полуфиналните натпревари се закажани за петок на 23 мај, додека финалето е во недела на 25 мај.
Ова ќе биде првпат завршниот турнир во Евролигата да се игра надвор од Европа.
Потпишан е едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште две сезони во зависност од успехот на организацијата во Обединетите Арапски Емирати.
Локацијата се уште не е потврдена, но најверојатно тоа ќе биде арената „Етихад“ со капацитет од 18.000 навивачи.
The post Абу Даби ќе биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде