мај 4, 2026

Реал Мадрид продолжи со неубедливите партии оваа сезона. Во 18. коло од Ла Лига, синоќа, Реал не успеа да го победи Рајо Ваљекано. Натпреварот на „Ваљекас“ заврши без победник 3:3.

„Марка“, најчитаниот шпански медиум, секогаш близок до Реал во својот текст жестокот ја критикува играта на „кралскиот клуб“.

„Ова што го игра Реал не може да се гледа. Како да гледате азербејџански филм : Тимот се распдна по крилата, а редот за врска не успеа да ги спречи нападите на Рајо низ средината“.

Реал во раната фаза од натпреварот имаше негатива од два гола, а „Марка“ смета дека Модриќ е виновен за таквиот развој на настаните.

„Лошо влезе во натпреварот и е една од причините за хаотичните 20 минути на Реал. Во играта на Модриќ немаше визија. Во вториот дел Хрватот се трудеше, но повторно не беше добар со топката. Излезе во 71. минута, влезе Камавинга, кој во редот за врска донесе брзина и сила“, пиштува во текстот на „Марка“.

Share

The post „Марка“: Играта на Реал е како да гледате азербејџански филм appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK