мај 4, 2026

Малолетничка од Куманово вчера била физички нападната од четири други малолетнички. Според изјавата на нејзината мајка, В.М. (46), нападот се случил околу 20:00 часот, пред зградата во која живеат.

Полицијата веднаш се ангажирала и презела мерки за расчистување на случајот.

„Инцидентот е во тек на истражување, а по комплетирање на сите факти и околности, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Секое насилство помеѓу малолетници е сериозно и ќе се постапува согласно законските прописи“, велат од СВР Куманово.

Полицијата апелира до сите родители да ги надгледуваат своите деца и да преземат соодветни мерки за спречување на насилни инциденти помеѓу малолетници.

The post Малолетно девојче нападнато од четири други малолетнички пред зграда во Куманово appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK