мај 4, 2026

Во текот на изминатиот викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти обемна дива депонија лоцирана на улицата Цетинска во скопската општина Бутел.

Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри кабаст, мешан комунален и градежен отпад одложени на јавна и тревна површина. Во рамките на активностите беа употребени и специјалните возила – багер, патарки и рол-кипер.

Улицата Цетинска во општината Бутел претставува „црна точка“ каде што ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано се соочува со непрописно одлагање отпад, со што значително се загадува животната околина во оваа скопска општина.

The post Комунална хигиена отстрани обемна дива депонија во Општина Бутел appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK