Виктор Вембањама одигра натпревар каков што ретко се гледа во НБА, а неговите Сан Антонио Спарс го совлада Портланд Трејл Блејзерс со 114:94. Најдобриот дебитант во минатогодишната НБА сезона постигна 30 поени, имаше седум скока и дури 10 блокади, со што статистички го предводеше својот тим до победа.
Во најубедливата победа на неговиот тим оваа сезона, тој одигра неполни 30 минути, а тоа му беше доволно да стане само шестиот играч во историјата на НБА со 30 поени и 10 блокади.
Хаким Олаџувон во кариерата одиграл пет такви натпревари, Дејвид Робинсон три и Артис Гилмор, Двајт Хауард и Карим Абдул-Џабар по еден. 20-годишниот француски кошаркар кој е висок 221 сантиметар од синоќа е дел од ова друштво
Со четири тројки на натпреварот против Блејзерс, Вембањама стана првиот играч во историјата на НБА кој искомбинирал барем толку тројки со 10 блокади, а исто така и првиот што одиграл повеќе од еден натпревар во кој поделил 10 банани играчи пред неговиот 21 роденден. Истото го направи и против Торонто во февруари.
Бананите се дел од статистиката во НБА од 1974 година. Во својата втора сезона во НБА, Вембањама веќе стана рекордер за познатата франшиза на Сан Антонио, бидејќи ова беше негов 62 последователен натпревар во кој блокираше барем еден шут. Пред него рекордер беше Дејвид Робинсон, легандата на Сан Антонио, со серија од 61 ваков натпревар.
Вембањама исто така против Портланд ја постигна својата 200-та тројка. Тоа го направи во 94. натпревар во кариерата. Сеф Кари, рекордерот со најмногу постигнати тројки во НБА (3.839), постигна 187 во првите 94 натпревари.
The post (Видео) Вембањама подели 10 „банани“ и стигна до 200. тројка во НБА побрзо од Кари appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде