декември 22, 2024

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинителството преземало низа дејствија за да утврди вина кај газдите, но, било утврдено дека тие не сториле никаква грешка при грижа за миленикот. Сега починатото дете, само се прекачило преку оградата и било нападнато.

Во однос на предметниот настан, кој беше грозоморен чин, се преземаа многу дејствија, инстантно. Беше извршена обдукција од што се утврдија причините за смртта на детето. Беа испитани вешти лица. Меѓутоа, од целокупниот собран доказен матеирјал, се утвди дека најпросто кажано се работи за несреќен настан, поради што беше донесена резолуција да се заврши постапката. Конкретното место на настанот беше обезбедено, куќата беше оградена, сопственикот ги имал преземено сите законски и подзаконски мерки – до знак за забранет влез. Детето кое загина ја има прескокнато оградата без надзор, иако имал укажување да не го прави тоа од претходно“, рече обвинителот кој го водел предметот.

Детето беше однесено во безживотна состојба во болница, а обидите за реанимација беа неуспешни. Во моментот кога било примено немало срцева акција и не дишело.

The post Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK