Валенсија продолжува да се мачи и да се дави во зоната за испаѓање. Попладнево, Валенсија во 98.минута се спаси од пораз против Алавес.
Дани Гомеш и донесе бод на Валенсија со гол во осмата минута од судиското надополнување. Со овој бод Валенсија се израмни со Ваљадолид, овие две екипи со 12 бода се на дното на табелата.
Гостите од Баскија водеа двапати во мечот. Првото водство го донесе Мартин со гол во седмата минута. Валенсија израмни дури во 70. минута од пенал.
А потоа уште еден шок. Во 88. минута пенал за Алавес. А прецизен беше Џоан Џордан.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, прв пат бранеше за Валенсија во Примера од почетокот на сезоната.
The post (Видео) Валенсија во 98.минута се спаси од пораз против Алавес appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде