декември 22, 2024

На 21.12.2024 околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), сите од Штип, затоа што нападнале полициски службеници при вршење на службени дејства. Претходно, полициските службеници се упатиле кон манастирот „Воскресение Христово” во атар на Штип, каде била пријавена кражба и по преземените мерки и активности во врска со тој настан, се упатиле кон Штип.

При тоа, кај местото викано „Елките”, забележале запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва. При преземањето мерки и активности за расчистување на настанот, полициските службеници биле нападнати од Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), кои употребиле и тврди и остри предмети.

Еден полициски службеник испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Двајца полициски службеници се поврдени.

The post Двајца полицајци повредени при апсење на дрвокрадци во Штип appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK