Шведската компанија ги претстави концептите на новите генерации ловци со екипаж и невидливи дронови кои треба да работат во тандем.
Овие проекти најпрвин ги објави дојавувач кој се крие зад профилот на X „Gripen News“, а потоа и самата SAAB ги претстави во јавноста.
Тоа е наследникот на Gripen, кој е првиот од лево на фотографијата подолу.
Како што пренесува порталот The War Zone, новата серија го вклучува наследникот на Gripen, потоа Gripen E, како и три беспилотни летала – едната полесна од еден тон, втората тежи до пет тони, а третата тежи повеќе од пет тони.
Суперсонични беспилотни летала се дизајнирани за напредни мисии со „стелт“ функции, додека субсоничните (подзвучните) се слични на ловците F-35.
Најмалиот субсоничен авион (полесен од еден тон) наликува на крстаречка ракета и е дизајниран да го олесни лансирањето.
The post SAAB ги откри плановите: наследник на Gripen и нови дронови! appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде