април 22, 2026

Опозициската ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски повика кон општиот бојкот на потрошувачите на македонските маркети да се додаде и општ бојкот на концертите на пејачите и групите од поранешна Југославија, сметајќи дека така ќе ѝ се помогне на македонската музика.

Оттаму велат дека економската комисија на партијата направила длабока анализа, констатирајќи дека во последната година имало драстично поскапување на билетите за концерти и музички настапи, од што најмногу профитирале пејачите и групите од поранешна Југославија.

„За настап во дискотека на група или пејач од бивша Југославија цената се движи околу 30.000 евра. Затоа ВМРО-Народна партија предлага кон општиот бојкот на македонските маркети да се додаде и бојкотот на сите овие настапи. На тој начин, македонскиот потрошувач не само што лично ќе заштеди повеќе средства, туку и ќе им помогне на македонската музика и на македонската економија во целина“, соопшти ВМРО-Народна партија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK