април 22, 2026

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре без струја времено ќе бидат дел од корисниците во општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.

Од 08 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од селото Орешани, како и корисниците од викенд населбата Орешани во општина Зелениково, а од 09 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Саса“ – крак 2 и крак 4 во општина Кисела Вода. Без струја ќе бидат и корисниците од селото Љубин лоцирани на потегот од УКА Комерц до гробиштата, како и корисниците лоцирани околу џамијата во непосредна близина во општина Сарај во период од 09 до 15:30 часот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK