април 22, 2026

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Според се уште неофицијалните информации од Тв Сител во тек се претреси во зградата на Министерството. Според истите извори, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.

Според информациите, акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност. Истовремено, претреси се вршат и во повеќе добро познати автосервиси кои претходно со години ги сервисирале возилата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK