декември 24, 2024

Канада ќе обезбеди финансиска помош од 115 милиони долари за поправка на електричната мрежа во Киев по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на таа земја, изјави денеска канадската вицепремиерка Кристиа Фриланд на донаторска конференција во Париз.

Таа изјави дека овие пари се собрани од царина на стоки од Русија и Белорусија.

Претходно шефицата на германската дипломатија Аналене Бербок изјави дека Берлин ќе одобри помош од 50 милиони евра, а францускиот претседател Емануел Макрон дека Франција ќе обезбеди помош од 48,5 милиони евра, како и 63 електрични генератори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на учесниците на донаторската конференција им рече дека на Украина и е потребна итна енергетска помош во вредност од најмалку 800 милиони евра, бидејќи руските сили ја гаѓаат цивилната инфраструктура низ целата земја.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK