април 24, 2026

Колумнистката и писателка Ешли Клер тврди дека пред пет месеци родила дете на Илон Маск. Таа на социјалната мрежа „Икс“ ја сподели информацијата со јавноста.

„Не сакав да ги откријам овие информации за да ја заштитам приватноста и безбедноста на нашето дете, но во последните денови стана јасно дека медиумите планираат да го сторат тоа, без разлика на штетата што ќе ја предизвикаат“, напиша 26-годишната Американка.

„Имам намера да му дозволам на нашето дете да расте во нормална и безбедна средина. Поради оваа причина, барам од медиумите да ја почитуваат приватноста на нашето дете и да се воздржат од инвазивни известувања“, додаде таа.

Илон Маск се уште не ги коментирал нејзините изјави.

За потсетување, Маск е веќе татко на 11 деца.

Share

The post Писателка ја изненади јавноста: Пред пет месеци му родив дете на Илон Маск appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK