декември 23, 2024

Лука Дончиќ имаше уште една одлична партија, му недостасуваа само две асистенции за нов трипл-дабл, но секако беше најдобар во составот на Далас за победа над Оклахома од 121:114.

По два порази, Далас им се врати на победите откако на свој терен ја совлада Оклахома. Триумфот беше остварен благодарение на извонредната втора четвртина која домаќините ја добија со 43-24.

 

Лука Дончиќ беше главен во победата, постигна 38 поени, имаше 11 скокови и осум асистенции. Но Словенецот не беше најефикасен на мечот, повеќе поени од него постигна Жилжус-Александер од Оклахома, тој реализираше 42 поени, но тоа не беше доволно за неговиот тим да го избегне поразот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK