Според германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Платенберг, Баерн Минхен тргнал по хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ но се откажал, ќе бараат поевтина опција како замена за Нојер.
Доминик Ливаковиќ блеска на Светското првенство во Катар, а Динамо Загреб трие раце бидејќи неговата цена вртоглаво расте.
Баерн Минхен е во потрага по голман откако Мануел Нојер ја скрши ногата на скијање и за него сезоната заврши.