Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека го повикала иранскиот амбасадор во Германија да го осуди последното погубување на демонстрантите во Иран.
– Режимот што ја убива сопствената младина за да го заплаши населението нема иднина, рече Бербок.
Претходно денеска, иранските медиуми објавија дека судот во Иран осудил на смртна казна уште три лица кои учествувале во антивладините демонстрации поради „покренување војна против Бог“, односно за убиство на припадник на волонтерската милиција Басиџ за време на протестот против Владата во Исфахан.
Милицијата Басиџ, која е поврзана со елитната Револуционерна гарда и помага на државата да ги задуши антивладините протести кои започнаа на 16 септември по смртта на курдската девојка Махса Амини, која почина во притвор.
Иранската држава на протестите одговори со репресија, апсења и драконски казни, а во овој момент сè уште се одржуваат помали протести во Техеран, Исфахан и неколку други градови.
Од почетокот на протестите се погубени четири лица, а „Амнести интернешенел“ тврди дека смртна казна се подготвува за уште најмалку 26 демонстранти.
Следете не, не има насекаде