јули 6, 2024

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, од т.н. огнена група, му порача на Ахмети дека снимката на која пее е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Меџити преку фотографија, на која стои името на Артан Груби, порача дека неговата партија мора да се ослободи од вицепремиерот и сличните нему.

„Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавувањето на снимката за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… Снимањето на Али Ахмети и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неправилно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и од неспособните!“, напиша Меџити.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK