Од вчера и завчера на нашата клиника има пациенти кои се болни од свински грип и кои се во многу тешка состојба, објави д-р Жан Митрев во вечерашнава емисија Топ тема на Телма телевизија.
Тој објасни дека и за тие пациенти, кои се во многу тешка состојба, а иако не се болни од ковид, морало да се примени методата на хемофилтрација.
Всушност, и овие пациенти не се лекуваат од свинскиот грип, туку од последиците од свинскиот грип, исто како што се случуваше и со ковидот.
Тој објасни дека хемофилтрацијата е всушност метода која не е лек за ковид, туку еден вид метода која им помага на пациентите да се извлечат од тешката состојба, која, пак, настапува кога откажуваат бубрезите на пациентот и срцето не може да ја издржи таа состојба.
„Хемофилтрацијата е шанса што му се дава на пациентот за неговиот организам, кој е во многу тешка состојба, да се избори со таа состојба. Таа е иста кко хемодијализата кај бубрежно болните“, рече Митрев.
Хемофилтрацијата во неговата клиника чинела 3.000 евра, а била утврдена врз основа на економски параметри.
Митрев вели дека не ги доведувал во заблуда пациентите, а средствата кои тие ги депонирале, а не им била извршена услугата, им биле враќани.
Докторот смета дека е возможно да има и нов бран на ковид, болест за која уште не е измислен лек.
Фактор.Мк
The post Д-Р Жан Митрев: Деновиве имаме пациенти болни од свински грип appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде