– Албанија и годинава ќе биде еден од домаќините на воената вежба „Бранител Европа 2023“, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.
Вежбата „Defender Europe“ е годишна, мултинационална заедничка воена вежба предводена од војската на САД, чија цел е подобрување на интероперабилноста меѓу САД, НАТО и земјите партнери, а ќе се одржува на локации низ Европа во неколку фази.
Албанија пред две години беше еден од организаторите на вежбата „Бранител Европа 2021“ на која учествуваа 30.000 американски војници.
Според Пелеши, во рамки на специјалното стратешко партнерство со САД, во септември годинава Министерството за одбрана ќе започне со одбранбено-безбедносни проекти.
-Во рамките на ова партнерство, во септември 2023 година во Албанија ќе пристигнат два американски хеликоптери „Black Hawk“. Исто така благодарение на партнерството со САД и полноправното членство на Албанија во Центарот за кибер-безбедност на НАТО, оваа година албанскиот оперативен центар за кибер-одбрана ќе биде функционален и со добро обучен персонал, рече Пелеши.
Следете не, не има насекаде