декември 23, 2024

Американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар, денеска од Приштина изјави дека САД категорично се против можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово.

Во врска со изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Белград во четврток ќе побара од мисијата КФОР одобрение за враќање на српските сили на Косово, Ескобар за Радио Слободна Европа изјави дека САД „категорично ја отфрлаат таквата можност“.

„Ние воопшто не го поддржуваме тоа. Исто така, сакам да кажам дека Косово има многу силни безбедносни гаранции од САД“, рече Ескобар на вториот ден од неговата посета на Приштина.

Ескобар, кој утре доаѓа во Белград, одговори и на прашањето каква ќе биде реакцијата на САД во случај српските сили да се вратат на Косово.

„Прво, не очекувам такво нешто. И второ, Косово има цврсти гаранции од САД кои се манифестираат преку учество во КФОР“, рече Ескобар, специјален пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK