декември 23, 2024

 Германското Министерство за одбрана сака да го олесни отстранувањето на екстремистите од армијата. Барањето е поднесено во време кога во земјава се води истрага за екстремно десничарскиот заговор за државен удар, во кој бил вклучен и активен воен офицер, јави ДПА.

Министерството денеска соопшти дека има за цел промена на законот што ќе создаде услови за отстранување на војниците од армијата без да се оди низ целата законска процедура.

Минатата недела во 11 сојузни држави на Германија без извршени над 130 полициски рации во копи цел на истраги се  членови на група поврзана со движењето „Граѓани на Рајхот“. Групата беше обвинета дека се обидела да создаде свои вооружени сили за да ја собори владата и да ја преземе власта. Поранешен пратеник, воен офицер и аристократ се меѓу многуте осомничени за вмешаност во групата.

„Граѓаните на Рајхот“ не ја признаваат легитимноста на германската држава и често одбиваат да плаќаат даноци и казни, а во некои случаи илегално складираа оружје.

-Последните претреси и апсења во врска со „Граѓаните на Рајхот“ ја покажуваат важноста да се биде буден и постојано да преземаме мерки против екстремистите и непријателите на уставот со сите средства на владеењето на правото, изјави министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

Предлог-законот што го подготви нејзиното министерство предвидува разрешување поради нелојалност кон уставот.

-Тоа значи дека војниците може да биде отпуштени доколку се утврди дека не го почитуваат Уставот и нашиот слободен демократски поредок, рече Ламбрехт.

Таа додаде дека ќе направи се за да ја забрза долгата процедура за отстранување на екстремистите „се разбира, почитувајќи ги сите принципи на процедурата заснована на владеење на правото“. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK