декември 23, 2024

Нешто повеќе од половина од германските граѓани, 53 отсто, рекле дека „граѓаните на Рајхот“ се сериозна закана за демократијата и нејзините институции. Околу една третина, 31 отсто, во истражувањето на Институтот YouGov за агенцијата ДПА оцениле дека ризикот не е сериозен, додека 15 отсто од испитаниците не го искажале своето мислење.

Анкетата следува откако минатата недела германската полиција почна голема операција, откако откри дека десничарските екстремисти планираат државен удар.

Додека околу 56 отсто од граѓаните во западна Германија сметаат дека демократијата е во опасност, истото го мислат 44 отсто во источниот дел на земјата. Само мал дел од испитаниците веруваат дека „граѓаните на Рајхот“ се лична закана за нив, додека 63 отсто не се чувствуваат загрозени.

Речиси секој петти испитаник или 19 отсто од нив изјавиле дека се чувствуваат донекаде загрозени, додека седум отсто се сметаат себеси за многу загрозени.

„Граѓаните на Рајхот“ не ја признаваат Сојузна Република Германија и нејзините демократски институции. Минатата среда беа уапсени 25 лица. Од нив, 22 се обвинети за учество во терористичка организација која имала намера да го собори уставниот поредок на Германија, а тројца за помагање.

Со исклучок на една Русинка, сите, според достапните податоци, се германски државјани. Обвинителството претходно соопшти дека за учество во групата се осомничени уште 27 лица. Меѓу уапсените е и поранешната заменичка на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) во Бундестагот и судијката во Берлин, Биргит Малзак-Винкеман. Половина од анкетираните Германци рекоа дека АфД е делумно одговорна за радикализацијата на екстремно десничарската сцена. Речиси секој четврти, 24 отсто од нив не мислат така, додека 26 отсто не одговориле

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK