Соопштение до јавноста – писмена реакција на Трајко Славески, претседател на Совет во Град Скопје
-Во однос на барањето на советниците на СДСМ за свикување на вонредна седница на која ќе се дискутира за препораки во борбата против загадениот воздух во текот на денешниот ден од кабинетот на градоначалникот добив писмен одговор и мислење за предложените препораки и се изразува уверување дека градот Скопје веќе превзема голем дел на срднорочни и долгорочни мерки во борбата против загадениот воздух.
Во исто време сум должен да напоменам дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница пропишан со Деловникот на Град Скопје и нема услови за свикување на истата.
Како прв меѓу еднаквите во Советот апелирам да се воздржат партиите од правење на политика и терање на популизам на една ваква чуствителна тема која ги засега сите граѓани на главниот град. Апелирам на соодветна државна реакција, каде ќе биде имплементирана координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот која подеднакво сите не засега.
The post Славески: Апелирам на државна реакција за координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде