декември 24, 2024

Објаснувајќи ја содржината на реформата, премиерката Борн рече дека сегашната возраст за пензионирање, 62 години, постепено ќе почне да се зголемува од 1 септември на секои три месеци секоја година за да достигне 64 години во 2030 година.

Француската премиерка Елизабет Борн соопшти дека старосната граница за пензионирање ќе се зголеми од 62 години на 64 години до 2030 година, како дел од владините пензиски реформи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Објаснувајќи ја содржината на реформата, која беше меѓу изборните ветувања на францускиот претседател Емануел Макрон, Борн истакна дека сегашната возраст за пензионирање, 62 години, постепено ќе почне да се зголемува од 1 септември на секои три месеци секоја година за да достигне 64 години во 2030 година.

Премиерката рече дека граѓаните ќе треба да имаат работен стаж од најмалку 43 години за да добијат целосна пензија, што ќе почне да важи од 2027 година.

„Минималната пензија, исто така, ќе се зголеми на 85 отсто од минималната плата“, рече таа, што значи дека минималната пензија ќе биде околу 1.200 евра месечно.

Матилда Пано, пратеничка во Парламентот од партијата Непокорена Франција, ја критикуваше реформата преку Твитер, опишувајќи ја како „нефер и сурова“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK