декември 24, 2024

Турција почна да и испорачува на Украина касетна муниција од Студената војна развиена од САД, објави специјализираниот магазин „Форин полиси“ цитирајќи актуелни и поранешни американски и европски претставници, запознаени со проблематиката.

Турција како членка на НАТО, во ноември започнала со испорака на првите серии на таканаречената подобрена конвенционална муниција со двојна намена (DPICM). Муницијата е произведена за време на Студената војна како дел од договор за заедничко производство со САД.

Станува збор за муниција дизајнирана за уништување тенкови, на начин што боевата глава содржи 90-тина помали подмуниции што доколку не експлодираат можат да останат на бојното поле со години.

„Форин полиси“ забележува дека Киев веќе неколку месеци се обидува да обезбеди снабдување од САД со таква муниција, но американските закони забрануваат извоз.

„Откако САД и одбија (на Украина) пристап до касетна муниција, Турција беше единственото место од каде што можеа да ги добијат“, рече извор информиран за ова прашање под услов да остане анонимен.

„Тоа само покажува дека иако Турција на некој начин се обидува да и угоди на Русија, таа стана навистина важен поддржувач на Украина во воен план“, вели изворот.

Ниту турската амбасада во Вашингтон ниту украинското Министерство за одбрана не одговориле на барањето на „Форин полиси“ за коментар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK