декември 26, 2024

Утре, со почеток во 12.00 часот, ќе се одбележат петнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг.

На спомен-обележјето во Катлановско Блаце, свежо цвеќе ќе положи делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска заменикот министер за одбрана, Башким Хасани и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески. Свежо цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот, општината Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Армиски хеликоптер Ми-17 се урна во селото Блаце кај Катланово, на само 50-ина метри од последните куќи во селото.
Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.

Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.
Единаесетте мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK