декември 26, 2024

На 56 години почина германската супермоделка Татјана Патиц, една од најславните манекенки на 1980-те и 1990-те, објави „Вог“. Сѐ уште не е позната причината за смртта.

Манекенката беше најпозната по соработката со „Вог“ како и по главната улога во спотот на песната Freedom на Џорџ Мајкл од 1990, во кој беше заедно со првите супермоделки Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон. Се прослави по соработката со славните фотографи, меѓу кои и Херб Риц.

„Никогаш не си ја прододадов душата“, изјави манекенката во интервју во 2020 година.

Живееше повлечено во Калифорнија со синот и сопругот, каде се грижеше за своите животни.

Патиц е родена во Хамбург, со татко од Германија и мајка од Естонија, која детството го поминала во Шведска.

„Татјана секогаш беше европскиот симбол на шик, како спој на Роми Шнајдер и Моника Вити. Таа беше многу помалку видлива од нејзините врсници – помистериозна, повозрасна, понедостижна – и тоа имаше своја привлечност“, изјави Ана Винтур, уредничката на „Вог“.

The post Почина супермоделот Татјана Патиц, една од најславните манекенки во деведесетите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK