септември 22, 2024

Причината за падот на богатството се должи на падот на акциите на Tesla, кои загубија приближно 65 отсто од нивната вредност во текот на најлошата година во историјата на компанијата.

Илон Маск може да додаде нова титула во своето резиме – ,,Гинисов рекордер.”

Поради катастрофалната 2022 година, познатиот „Технокинг“ на Тесла влезе во книгите на рекорди, бидејќи неговото богатство се намали за 182 милијарди долари, објави во петокот организацијата во објава која се повикува на податоци на Форбс.

,,Гинис” истакна дека иако точната бројка за загубата на Маск е речиси невозможно да се одреди, некои медиуми проценуваат дека тој изгубил повеќе од 200 милијарди долари, а сопственикот на Твитер го срушил претходниот рекорд – загубата од 58,6 милијарди долари на јапонскиот инвеститор Масајоши Сон во 2000 година.

Пад на богатство

Причината за падот на богатството се должи на падот на акциите на Tesla, кои загубија приближно 65 отсто од нивната вредност во текот на најлошата година во историјата на компанијата. Оваа загуба беше доволна да го симне од тронот како најбогат човек на светот, титула што сега ја има магнатот за луксузни стоки Бернард Арно. Се разбира, Маск не е единствениот милијардер чие богатство се намали во 2022 година.

Милијардерите во Америка изгубија вкупно 660 милијарди долари минатата година.

Падот на богатиот Маск, го спречи основачот на Амазон, Џеф Безос, да го собори Гинисовиот рекорд. Загубата од 80 милијарди долари на Безос во 2022 година сигурно ќе му ја донесеше титулата „најголем губитник“ да не беше Маск.

Тој не е единствениот

Неговиот колега Марк Цукерберг исто така го сруши рекордот на Масајоши Сон со загуба од 78 милијарди долари.

Богатството на Маск некогаш изнесуваше дури 320 милијарди долари на крајот на 2021 година. Од 10 јануари, Форбс проценува дека неговата нето вредност е 142,1 милијарди долари.

Заедно со Индиецот Гаутам Адани (125,1 милијарди долари) ова се едни од најботатите луѓе во светот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK